По сето она што се случува во Карате федерацијата на Македонија, а во врска со новиот Правилникот за финансирање и избор на репрезезентативци, со свое видување, кое го испрати до Ипон.мк, излезе поранешниот каратист на КК Балкан од Скопје, Новит Новоселски.
„По повод кофнротацијата на релација клубови и актуелното раководство на КФМ во изминатите месеци по медиумите не остава никого рамнодушен кој е во спортот. Имено, како камен на сопнување е Правилникот за финансирање и избор на репрезезентативци кој е клучен за недоразбирањата, сметам како главна инцијална каписла е системот на наградување на селекторите-тренерите, при евентуален освоен медал или пласман од европски, светски првенства за повозрасните категории. Овој Правилник е усогласен со Законот за спорт кој ја третира оваа тема за наградување на трудот, каде што истиот точно го дефинира системот на наградување на селекторот (тренерот) и клупскиот тренер. Овој сооднос е во полза на селекторот (тренерот), иако целокупната заслуга за остварен медал е на клупскиот тренер. Аналогно на ова Правилникот е усогласен со Законот за спорт, така да во овој дел треба да се поведе инцијатива за измени на законот, бидејќи ни една федерација која добива финансии за награди од АСМ со интерен правилник или одлука не може да го измени ова, бидејќи се друго е кршење на законот.
Дали овој правилник е идеален и дали има фалинки? Секако, дека има. И, истите во една поширока дебата и одржливи предлози може да се преточат во него и мислам дека ова е начинот за надминување на моменталните несогласувања.
Што се однесува до прозивките за поднесување на оставка на моменталниот преседател на КФМ, етикетирајќи го како несоодветен за оваа функција прашањето е дали некој кој за период од 5/6 месеца може да направи нешто повеќе кога се уште сме во економска и пандемиска криза, каде што стопанските субјекти се немоќни да подржат финансиски подршка во спортот. Затоа да му се даде време и простор на Белистојановски да ги покаже своите менаџерски квалитете за водење на федерацијата, бидејќи временски за овој период не е можно кој било да испорача резултати.
Радува фактот што, ако ништо друго, направен е избор на селектори за репрезентативните селелекции, каде што грото се млади и докажани спортисти кои зад себе имаат спортски резултати. И, конечно, нападите изнесени кон поранешниот преседател господинот Драган Стојановски се тотално небулозни.
Несакајќи да бидам ничии адвокат, може да се каже за време на неговите мандати, како до сега ниеден преседател, истата ја подигна на највисоко организационо ниво во сите сегменти. Период во кој добивме голем број на судии со европски и светски лиценци функционалност и создавање на услови на сите репрезентативни селекции кои и донесоа големи признанија како на федерацијата, така и на државата. И, конечно, во неговиот мандат федерацијата неколку пати беше прогласена за најуспешна во Македонија, како и нашите натпреварувачи и тренери беа прогласувани за спортисти на годината.
Затоа драги спортисти најдете сила во надминување на моменталните проблеми. Се е поизвесно дека во скоро време ке има вонредно Собрание за гласење на доверба на Петар Белистојановски, независно од исходот од ова собрание, треба да се излезе со ладна глава каде што ќе нема поразени и победници“, пишува во своето обраќање поранешниот каратист на Балкан Новит Новоселски.
(Овој коментар го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)