„Цветан Димов“ – 40 години карате мисија

Да се опстои 40 години како клуб е податок за почитување. Но не само да постоиш како клуб, туку и да си акитивен чинител на домашната и меѓународната карате сцена е веќе нешто посебно.

Cvetan Dimov 76
Цветан Димов 1976 година

Во далечната, можеби и блиска, 1974 година е формиран Карате клубот „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. И ден-денес своите активности клубот ги остварува на истото место. Основачи на клубот се: Јован Лазарев (тренер) и каратистите од првата генерација Сашо и Тони Врбоски, Борче Илиевски, Митко Костов, Мите Костов, Боро Зафиров, Ида Марожи, Христаки Давитковски и Љупчо Деловски. Прв претседател на клубот е Ѓоко Гакидов, Александар Врбоски, Димитрија Павловски и денес Цанде Петровски.

Cvetan Dimov 76 kkimono
Натпреварувачи 1976 година

Клубот има остварено врвни резултати, со тоа што, покрај Металург од Скопје, се натпреварува во Македонската карате лига од нејзиното основање во 1976 година па до згасувањето во 2010 година. Највредниот резултат во Лигата е постигнат во 1995 година, кога „Цветан Димов“ стана првак на Македонија во состав: Елвир Куртановиќ, Владо Апостолов, Горан Мијовски, Бошко Заборски, Игор Лазарев, Ордан Димоски и Тихомир Јотевски.

Елвир Куртановиќ - шампион на Европа 1993 год. и тренерот Јован Лазарев
Елвир Куртановиќ – шампион на Европа 1993 год. и тренерот Јован Лазарев

Во поединечна конкуренција се постигнати повеќе успеси. Елвир Куртановиќ е првиот носител на медалл во независна Македонија. Тој во 1993 година во Кардиф, Велс, стана европски првак во јуниорска конкуренција во борби. Идриз Провалија – првак на СФРЈ (јуниори) и член на јуниорската репрезентација. Владо Апостолов – кадетски првакк на СФРЈ. Неџат Муриќ – сениорски репрезентативец на СФРЈ, кој има настап на Светското првенство во Мексико. Тихомир Јотевски е вицепрвак во сениори на СФРЈ. И многу прваци на Македонија.

КК Цветан Димов две години по ред е европски првак, 2012 и 2013 година, на стилското Европско првенство во Вадо рју карате. Јован азаррев во периодот од 2004 до 2008 година ее петседател на Карате федерацијата на Македонија.

Иднината на клубот
Иднината на клубот

Од поновите генерации каратисти на клубот за одбележување е настапот на Игор Лазарев на ЕП 1995 година во Истанбул за јуниори, каде што го освои петото место. Од сегашниот состав се очекуваат резултати Енес Смаилагиќ и Ненад Келебиќ.

Тренерот на клубот, Јован Лазарев, вели дека во моментов клубот има двајца врвни натпреварувачи, Енес и Ненад, кој е втор во јуниорска конкуренција во Европа, но за репрезентацијата на Србија. Се надева дека наскоро неговите успеси ќе бидат под знамето на Македонија. Затоа интензивно се работи со овие натпреварувачи за да обезбедат место во репрезентацијата на Македонија, со цел да обезбедат медали на евопската и светската карате сцена. Смаилагиќ го навести тоа во Премиер лигата во Париз, освојувајќи го петото место во конкуренција на 110 натпеварувачи, при што совлада и европски шампиони. Келебиќ своите квалитети ги демонстираше на ЕП 2014 во Лисабон, каде што го освои бронзниот медал.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON