Македонските кикбоксери изминатиот викенд на Европски куп „Илџа опен“ во Сарево-Босна и Херцеговина, освоија 11 медали – 2 златни, 3 сребрени и 6 бронзени и пехар за најфер спортисти-спортско однесување на Купот.
На Купот учествуваа повеќе од 500 кикбоксери од 5 земји.
Златни медали освоија:
- Eлвир Нуредини -74 кг кик лајт КБК „Сен сеи“ Гостивар
- Јакуп Исјени – 79 кг кик лајт КБК ,,Сен Сеи” Гостивар
Со сребро се закитија:
- Бајром Рамадани -69 кг лајт контакт КБК „Сен сеи“ Гостивар
- Ермин Нуредини -79 кг кик лајт КБК „Сен сеи“ Гостивар
- Филип Ризов -57 кг кик лајт КБК „Будо“ Кавадарци
Бронзени се:
- Мартин Ташев -69кг кик лајт КБК „Будо“ Кавадарци
- Илија Камчев -75 кг лоу кик КБК „Будо “ Кавадарци
- 3. Бајром Рамадани -69 кг кик лајт КБК ,,Сен сеи“ Гостивар
- Дурак Асани -84 кик лајт КБК „Сен сеи“ Гостивар
- Елмаз Ракипи -69 кг кик лајт КБК „Ссен сеи“ Гостивар
- Мусли Арифи -90 кг кик лајт КБК „Сен сеи“ Гостивар
Следна активност на кикбоксерите е купот во Белград –„Србија опен“, каде што по традиција македонските кикбоксери учествуваат и освојуваат медали.
Ipon.mk/В.Д.