Младите џудисти на ЏК Пролетер од Прилеп има забележителен успех на Меѓународниот турнир „Струга опен 2015“ освојувајќи 11 медали, од кои 5 златни, 5 сребрени и 1 бронзен.
На турнирот учествуваа натпреварувачи од Македонија, Албанија, Србија, Шведска и Бугарија.
Од ЏК Пролетер велат дека ова било идеална прилика нивните млади натпреварувачи да имаат борби со деца од различни земји и да стекнат натпреварувачко искуство.
Резултати:
Галески Тадеј 1 место
Гешоски Симеон 1 место
Велкоски Дарко 1 место
Ѓорѓиоски Јоеданчо 1 место
Димеска Теодора 1 место
Стефановиќ Андреј 2 место
Милчиноски Мартин 2 место
Велеска Сара 2 место
Томеска Марија 2 место
Макеска Александра 2 место
Павлоски Михаил 3 место
ipon.mk/В.Д.