Како претставници на своите училишта членовите на Џудо клубот Сеишин освоија вкупно 10 медали – 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени на Државното првенство за основни училишта кое се одржа вчера во Скопје.
Медалите ги освоија: Теодора Тасеска (-57 кг). 1-во место, Ема Димитриоска (-48 кг) 1-во место, Никола Магдески (-50 кг) 1-во место, Сеадин Рустемоски (-60 кг) 1-во место, Дарко Мирчески (-66 кг) 2-ро место, Димитри Џокоски (-60 кг) 2-ро место, Андреј Сотироски (-66 кг) 2-ро место, Александар Николоски (-55 кг) 3-то место, Георгиј Магдески (- 66 кг) 3-то место и Магдалена Најдоска (-44 кг) 3-то место.
Првенството беше во организација на Федерацијата за училишен спорт во соработка со ЏФМ.
Сеишин продолжува со настапи наредниот викенд на меѓународен турнир во Србија.