10-ка за Олимпија на Президент купот во Белград, Андреа Нисева најдобар и најперспективен борач

Борачите на Олимпија од Штип освоија 10 медали – 5 златни, 2 бронзени и 3 сребрени на „Меѓународниот турнир „Президент куп“ во Белград, Србија, Андреа Нисева е прогласена за најдобар техничар и најперспективен борач.

Медалите ги своија Давид Јанакиевски, Дарко Коцев, Андреа Нисева, Леон Стојанов и Петар Тодев – златни; Кирил Сичков и Давид Миленковски – сребрени и Благој Спасов, Кире Малчев и Даниел Манов – бронзени..

„Севкупно одличен настап на Олимпија. Секако, една 10 десетка и за тренерите Гордан Николов и Кире Нисев координирани од спортскиот директор Методи Сичков за освоените десет медали“, велат од Олимпија.

На турнирот учествува 38 клуба од 10 држави со вкупно 232 борачи, и во слободен и во грчко-римски стил.

„Медалите се освоени во двата стила, што покажува дека Олимпија работи квалитетно и успешно. Оосебно радува и успехот на втората генерација на Олимпија која ги освои симпатиите на публиката со борбите кои ги презентираше и широката лепеза на зафвати“, наглсуваат од овој клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON