Хуан Дијаз се врати и го нокаутира Фернандо Гарсија

Huan Dijaz

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс, Хуан Дијаз – Малото бикче (Мексико), спектакуларно се врати во рингот. Тој го нокаутираше во деветата рунда беспомошниот Фернандо Гарсија на галавечерта во Хјустон (САД). Дуелот беше исполнет со многу акции и спектакуларни комбинации. Гарсија долго време се спротивставуваше пред да биде соборен.

Дијаз ја забележа 41 победа (20 со нокаут) во кариерата, а има и девет порази.

„Си пишувам 5 минус за претставувањето. Причината за ова е дека имам неколку рани и модринки по лицето. Останатите боксери во лесна категорија треба да се плашат од мене“.

Тоа беше прв натпревар за Дијаз по година ипол. Тој е во серија од шест последователни победи.

https://youtu.be/ah43oG2OPy4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON