Во категоријата до 86 кг нашиот репрезентативец Халил Зубаиров (БК Вардар) во осминафиналето убедливо го победи Кхумаров (Русија) со 7:0 на силниот турнир „Али Алиев“ во Каспијск, Махчкала, Русија.
Во четвртфиналето во изедначена борба во Зубаиров со минимален резултат 10-8 беше поразен од Даулумбаев. Така беше испуштена шансата за медал и на крајот беше седми.
Вчера Нуров до 97кг освои бронзен медал.
„Нашите тренери, анализирајќи ги недостатоците на нашите борачи, решија од утре
да одат во базата во Кисловодск (Русија) а за две недели да учествуваат на турнирот во Ерменија „Саркасијан““, велат од Вардар.
Итно треба да поднесеме барање за добивање на американски визи, посочуваат од Вардар, и обезбедување на авиобилети за Лас Вегас (САД) за учество на Светското првенство, каде што со пласман до 5 место се обезбедува норма за Олимписките игри во Рио 2016.
ipon.mk/В.Д.