Познатиот долгогодишен коментатор на УФЦ, Џо Роган во својот подкаст зборува за шампионот во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов и Дагестанците воопшто. Тој побара одговор на прашањето зошто Дагестанците се толку силни.
„Бев импресиониран од сите настапи на Хабиб во октагонот. Тој нема пораз, што е реткост во нашиот спорт, а уште повеќе во лесна категорија. Ова е неверојатно импресивно. Хабиб не може да биде скршен психолошки. Мислам дека ова е човек од различен калибар.
Овие Дагестанци се толку цврсти – ова е потешкиот и понасилен дел од нашиот свет. „Луѓето се посилни таму поради тешкиот живот“, рече Роган.
До денес, скорот на Хабиб во ММА е 28-0. Тој може да го подобри следната недела. На 24 октомври во Абу Даби (ОАЕ) на УФЦ 254 Нурмагомедов ќе се соочи со привремениот шампион од САД Џастин Гејџи.