„Масао Кагава е жива карате легенда. Вистински претставник на карате до. Еден од ретките карате мајстори кои успеале да направат успешен спој на традиционалното и современото карате т.е. изворното и спортското, како една целина“, вели носителот на мјасторски појас 4 дан, Зоран Пејов од Карате центар „Пејов“ од Скопје, кој е освојувач на првиот медал за независна Македонија на Европското првенство за јуниори во Кардиф, Велс, 1993 година, по повод семинарот на Масао Кагава во Охрид. Пејов зад себе има и неколку континентални и светски титули во стилските организации, како и државни титули и во поединечна и во екипна конкуренција.
„Подеднакво успешен и најкомплетен мајстор на денешницата. Според мене, секој кој што се занимава со карате, треба да го посети семинароит на сенсеи Масао Кагава, без разлика на стилот што го вежба или асоцијацијата во која членува“, порачува Пејов.
Тој ја истакнува дека големата заслуга, но и благодарност, на сенсеи Живко Дракуловски за огромниот напор што го овозможил овој семинар со живата легенда Масао Кагава.
Македонската карате шото организација (МКШ), како членка на Јапонската карате шото федерација (ЈКЅ/ЈКС) во Охрид по 16 пат го организира тренинг кампот „Охрид интернационал 2015“во хотелот „Орце Николов“, при што ќе се одржат два семинари со живата легенда на каратето Масао Кагава. На првиот семинар (29 и 30 јули) со Кагава ќе се работат техники, кати и ВКФ натпреварувачки кати, а на вториот (2 и 3 август) техники, кумите и ВКФ натпреварувачко кумите.
ipon.mk/В.Д.