По патеките на Тиџи Казе, така може да се опише семинарот што неодмана во Јагодина,Србија, го одржа сенсеи Велибор Димитријевиќ, кој е предводник на „Казе Ха-шотокан рју академијата“ во Србија. Тој е носител на мајсторски појас седми дан.
На семинарот учествуваа 130 каратисти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Англија и Шведска.
Македонското карате беше претставувано од сенсеи Зоран Пејов од КЦ „Пејов“ од Скопје. На семинарот се работени техники, кати и бункаи.
Меѓу интересните гости беше и поранешниот бодигард на британската премиерка Маргарет Тачер, Мајк Рајс.
Димитријевиќ е еден од најдоследните и последните најблиски асистенти на Таиџи Казе на самурајската школа, се до неговата смрт. Тој е еден од петте члена на Техничката комисија, која е лично составена од Казе.
Држи семинари во Европа и светот, а седиштето на неговото Хомбо доџо е во Атина, Грција.
Димитријевиќ во поранешна Југославија е неприкосновен во изведбата на кати, но се натпреварува и во борби. Има медали и од Европските и од Светските првенства, и во кати и во борби.
ipon.mk/В.Д.