Викторија Варадинова го освои златниот медал на Европски куп Карловац опен 2018 во Хрватска, а Бобан Илиоски борнзата, додека Марко Тодоров сребро од Кик бокс клубот Шампион од Скопје.
Варадинова златниот медал го освои во К1 за јуниори до 60 килограми. Таа имаше една борба и ја доби со прекин во вората рунда, односно ТКО против Марина Јуриќ од Хрватска. Таа вчера освои и бронза во кик лајт и тоа само се појави на татамито за да стигне во рингот. Ова е голем пропуст на организаторот.
Бобан Илиоски (-81кг) во лоу кик, сениори, прво го победи Марко Чизмиќ Марко од Хрватск со нокаут во втората рунда, но во втората е поразен со 1-2 на поени од Милош Џукиќ – Србија, што беше доволно за бронзениот медал.
Марко Тодоров (-51кг) во лоу кик за Јуниори загуби од Фурдек Давид од Хрватска на поени 0-3 и го освои 2 место.
На овој линк е борбата на Варадинова:
Ipon.mk