ЏК Дрим вечера на Меѓународниот натпревар „Трофеј на Вршац“ во Вршац – Србија, освои два медала и пехар, еден златен и еден бронзен.
Златниот медал го освои Доријан Петкоски, а бронзата Мишела Јаулевска.
Успехот е постигнат во огромна конкуренција од 500 натпреварувачиод 67 џудо клубови од 12 земји.
Покрај тоа, истакнуваат од Дрим, одличен настап имаале и Теодор Петкпски, Анамарија Стојмиловска, Јован Џероски, Матео Мартиноски, Божидар Јулоски, но не успеале да се закитат со медал.
Ipon.mk