Денот заврши со уште три медали за макеоднските каратисти на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево. Андреј Стојчевски освои златен, а Јована Мицоска и Данило Божовиќ бронзи.
Во претпалдневниот дел нашите каратисти освоија 3 одличја – 1 сребрен и 2 бронзени медали. Данка Стојкова се закити со сребрен медал во кати за јуниори, а Мила Панчева (-55 кг, У-21) и Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) освоија бронзи во борби.
Андреј Стојчевски во финалната борба победи со прв освоен поен против Александар Вучковиќ од Србија при резултат 3-3.
Божовиќ и Мицовска беа успешни во борбите за бронзените медали.
Македонија досега освои 15 медали – 4 златни, 4 сребрени и 7 бронзени.
Резултати – Балканско првенство:
Јуниори
-61 кг
Андреј Стојчевски – Али Кјара Доган (Турција) 2-0
Андреј Стојчевски – Емир Халиловиќ (БиХ) 5-1
Андреј Стојчевски – Давид Адријан Јанку (Романија) 4-3
Андреј Стојчевски – Хамза Онур (Турција) 4-2
Финале
Андреј Стојчевски – Александар Вучковиќ (Србија) 3-3
У-21
-61 кг
Јована Мицовска – Јована Чалиќ (Црна Гора) 0-3 диск.
Јована Мицовска – Сена Кизиласлан (Турција) 3-6
Репасаж
Јована Мицовска – Лариса Адријана Ивашчу (Романија) 6-0
За бронза
Јована Мицовска – Нурсена Атиџи (Турција) 6-1
-84 кг
Данило Божовиќ – Кемал Незириќ (БиХ) 3-2
Данило Божовиќ – Дејан Миленков (Бугарија) 0-0
Данило Божовиќ – Ерен Јусуф Емизел (Црна Гора) 2-7
За бронза
Данило Божовиќ – Александар Новицки (БиХ) 3-0