Ера Коџа се закити со златниот медал во категоријата до 59 кг кај јуниорите. Коџа во финалето на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, славеше против Србинката Александра Милутиновиќ 4-4 со прв освоеб поен.
Коџа до златото ги совлада Дора Зугчиќ (Хрватска) 3-1, Касиани Фримаки (Грција) 6-2, Кристина Ѓоргевиќ (Србија) 6-0 и Зоја Авзнер (Словенија) 2-3.
Македонските каратисти денеска на досега завршените натпревари освоија 6 медали – 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени.
Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.
Александар Неделковски покажа дека е во форма по пласманот на седмото место на Светското карате првенство во Дубаи, денеска го освои броинзениот медал во кати во У-21.
Во борбата за бронзата славеше против Нејц Стерниша од Словенија. Александар доби оценка 25,06, а Нејц 24,88.
Андреј Басаров +70 кг кадети бронза
Матеј Белистојаноски -55 кг јуниори бронза
Марија Петровска -50 кг У-21 бронза
Вчера Ива Пецевска освои златен медал -48 кг во јуниорска конкуренција. Бронзени медали освоија: Симон Петрески -76 кг јуниори, Андреј Ангеловски -76 кг јуниори и Рушити Реџеп -63 кадети.
На Балканското првенство настапуваат вкупно 731 натпреварувач од 13 земји.