Каратистите од Македонија, кои се од повеќе клубови, со голем успех денес настапуваат на Меѓународниот турнир „Никон опен 2016“ во Софија, Бугарија.
Абдурахим Идризи од Макпетрол е прв во кати за кадети, а екипата на Олимпик Спорт е прва во борби екипно, како и Симона Симоновска од Тигар 2003 од Тетово, која во финалето беше подобра од Сајра Морина од Форца. Идризи настапи и во борби, при што имаше една победа и еден пораз.
Тешкашот на Макпетрол, Дејан Павлов, во категоријата над 84 килограми во сениорска конкуренција го освои бронзениот медал, а Драгана Манговска од Металург сребрениот. Александар Неделковски (Металург) е втор во кати за деца, а клупската другарка Марија Петровска е трета.
Екипата на Куштрими е втора екипно до 12 години, а Емир Рамадани (-28 кг) е прв до 10 години.
Ipon.mk/В. Д.