Боксерите на БК Универзалци од Скопје освоија два златни медали на Меѓународниот турнир „Боксинг деј“ во Лесковац, Србија.
Костадин Пешовски (-64 кг) беше подобар од репрезентативецот на Србија Вељко Павловиќ, додека Љубен Селев (- 50 кг) направи вистински подвиг совладувајќи го осум килограми потешкиот репрезентативец на Србија, Стефан Сачиревиќ.
Тренерот Васко Чубалевски е задоволен од настапот на своите боксери и највува уште многу успеси на меѓународен план.
На турнирот учествуваа 100-тина боксери од Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.
ipon.mk/В.Д.