Вчера во Битола во Ректоратот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ на Петар Заборски од Макпетрол му беше врачена Златна плакета за постигнатите резултати на студентот на битолскиот универзитет, насока безбедност.
Наградата беше доделена во присуство на ректорот, проректор, декани на факултетите и градоначалникот на Битола.
Годинава Петар освои златен медал и стана европски првак на Универзијадата во Мишколц и Дебренц, Унгарија, од 14 до 19 јули, на која учествуваа 5000 студенти од 40 држави, односно 400 универзитети во 18 спорта.
Во финалниот натпревар Петар Заборски не дозволи никакво изненадување, извојува победа во борбата со Тим Шајнер од Германија 2-0. Со тоа Петар Заборски ја одбрани европската титула која ја имаше на минатата европска Универзијада од Загреб, Хрватска.
Резултати:
Петар Заборски ( -75 кг) , Финале
Петар Заборски- Рафаело Ди Гиола – Швајцарија 5-0
Петар Заборски – Тамаш Ацс – Унгарија 8-0
Петар Заборски – Гонцало Феитас – Португалија 3-0
Петар Заборски – Сассу Ндао – Франција 1-0
Финале
Петар Заборски – Тим Штајнер Германија 2-0
За каратистот студент Петар Заборски, кој по постигнати резултати и освоени медали на европските и светските универзијади, е најтрофеен и најдобар европски универзитетски спортист на сите времиња.
Петар Заборски, студент на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, Факултет за безбедност во Скопје, според постигнатите досегашни спортски резултати на европските универзијади, европски универзитетски првенства и светски универзитетски првенства секако дека е најуспешен спортист, не само во Македонија, туку и во Европа.
Петар Заборски, до сега има освоено 5 златни медали, 3 сребрени, или вкупно 8 осум од европски и светски универзијади).
Во поединечна конкуренција – дисциплина борби тој има вкупно три златни медали, три пати бил европски шампион на европските универзијади, во поединечна конкуренција дисциплина борби во тежинската категоријата (-75 кг) и еднаш освои сребрен медал, односно стана европски вицепрвак.
Во екипните настапи, како капитен на репрезентацијата, два пати освои златен медал во дисциплината екипно борби за мажи за универзитетската репрезентација на Македонија, еднаш е сребрен медалист, исто така има и сребро од Светско првенство екипно во Самсун Турција.
1.златен медал кумите (-75 кг), Куимбра Португалија 2017 година
2.златен медал кумите (-75 кг), Загреб Хрватска 2023 год.
3.златен медал кумите (-75 кг), Мишколц-Дебренц, Унгарија 2024
4.златен медал кумите екипно борби Лоѓ, Полска 2022
5.златен медал кумите екипно борби Загреб Хрватска 2023 год.
6.сребрен медал кумите (-75 кг), Загреб Хрватска 2019 год
7.сребрен медал кумите екипно борби, Загреб , Хватска 2019 год
8 сребрен медал кумите екипно борби, Самсун , Турција 2023 год
Првиот Златен медал го освои како студент на Битолскиот универзитет, Факултет за Безбедност во Скопје, во органзација на ЕУСА (Европска универзитетска спортска асоцијација+) во Коимбра, Португаија, тогаш тој учествуваше за прв пат на едно Европско универзитетско првенство, при што успеа да стигне до финалето во категорија -75 кг. Патот до финалето го избори со победите постигнати над Виктор Перез од Шпанија 4-0, Видо Копитовиќ од Црна Гора 8-0, во полуфиналето се сретна со Немања Брашанацод Црна Гора 1-0, во финалето имаше борба со домаќинот од Португалија Пина Родриго Мачедо и го победи со резултат 2-1.
Петар Заборски европски шампион Коимбра, Португалија – 2017 година
Во Загреб, главниот град на Хрватска, од 31 јули до 4 август, имаше 1300 учесници од 400 универзитети и 36 европски земји, ова е прво вакво издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го направи најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година. Студентите се натпреваруваа во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбоксинг.
Универзитетската карате репрезентација
Сребрени медали освоија :
Петар Заборски -75 кг поединечно борби
Машкиот тим во борби во состав Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид
Петков, Ацковски Роберто и Горан Николовски.
75 кг
Петар Заборски – Аркадио Гарсија (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Марин Бркиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Петар Заборски – Марко Мартиновиќ (Србија) 1-1
Петар Заборски – Али Ешсиз (Турција) 2-0
Петар Заборски – Менсур Дожиќ 2-5
На игрите во Полска пријавени беа 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие се натпреваруваа во 20 различни спортови.
Натпреварите во спортот карате на програмата на Универзијадата беа
предвидени да се одржуваат во периодот од 26-31 јули 2022 година.
Првиот натпреварувачки ден имавме фантастичен успех, имено машкиот
тим со три последователни победи во елиминацискиот дел успеа да се
пласира во финалето.
Maшки кумите тим – златен медал:
На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржа во Загреб, учество земаа 1 500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави. На програмата на Универзитетските игри на боречки спортови застапени беа 4 (четири) боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.
На Европските универзитетските игри на боречките спортови кои се одржаа во Загреб, Хрватска, во периодот од 19 од 24 јули 2023 година, македонските каратисти успеаја да освојат 2 златни медали. Златен медал освои репрезентативецот Петар Заборски во кумите – 75 кг, златен медал освои и машкиот тим во дисциплината (кумите) борби.,
Првиот ден на европската универзијада Петар Заборски се пласира во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб. Студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола за златниот медал тој се бореше со Констатнтин Јаненко од Украина.
Ова е трето студентско финале за Петар Заборски на Европските универзијади во неговите поединечни настапи, при што тој во Коимбра, Португалија, 2017 година освои златен медал, а на европската универзијада во Загреб 2019-та се закити со сребрен медал, и во Загреб успеа да влезе во финалето до 75 кг. Сите медали се освоени во тежинската категорија на -75 кг
Машкиот кумите тим го освои златниот медал на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска, откако во финалето славеше против украинскиот тим – Државна академија за физичка култура Харкив 3-0.
Кумите тимот го одбрани златниот медал од минатата година во Лоѓ, Полска.
За Македонија настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Димитар Илиевски и Глигор Хаџи Кимов.
Со златни медали се закитија Петар Заборски и машкиот кумите тим. Во Генерален пласман Македонија е петта на оваа Европска универзијада со 4 медали (2-0-2). Прва е Турција со 8 медали (4-1-3), втора е Украина 15 (2-6-7), трета Хрватска 8 (2-1-5), а Црна Гора е четврта со 3 одличја (2-1-0).
Селекторот Бошко Заборски и Петар Заборски златниот медалист -75 кг
Машкиот тим во состав Давид Петков, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Глигор Петков и Димитар Илиевски успеа во полуфиналната борба да ја победи силната екипа на Турција со резултат 3-2. Македонскиот тим во финалето се бореше со тимот на Јордан.