Златна плакета за Коста Михајлов за животно дело во таеквондо спортот во Македонија

Тренерот на Таеквондо клубот Кобра Коста Михајлов вчера на Меѓународниот тунир „Кобра опен“ доби Златна плакета за животно дело во таеквондо спортот во Македонија од претседателот на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски.  

„Со одлука на управниот одбро на МТФ, денес на тренерот Коста Михајлов му врачив златна плакета за животно дело во таеквондо спортот во Македонија.

Коста Михајлов е еден од основачите на македонското олимписко таеквондо, човек кој истраја во својата мисија. Тој остана доследен на овој олимписки спорт од деновите кога речиси никој не знаеше за спортот до денес, кога е спорт број еден во Македонија.

Коста е основач и тренер во еден од најуспешните клубово при МТФ, тоа е таеквондо клубот Кобра.

Посакувам искрени честитки, сосема заслужено признание во вистински раце.

Посакувам многу здравје и успех“, напиша на Фејсбук претседателот на МТФ, Борче Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО