На 3 декември во Битола на Европското првенство во „но ги“ граплинг и ММА за аматери во организација на промоцијата ИСФА и Игор ММА од Битола, во официјалните борби ќе настапи и еден од нашите најдобри борци, мајсторот во бразилско џиу џицу, Златко Петровски, кој во низа има пет победи.
Петровски ќе се сретне со Тоан Нгујен од Бугарија во лесна категорија.
Првите негови зборови за оваа борба беа:
„Јас ќе победам во првата рунда“.
Инаку Петровски има по ред пет победи,а последната беше во Германија, каде што настапува за Тим Кобрас. Секако дека и битолската публика е предизвик за секој борец.
„Секако, мојата мотивација е да се борам и во Македонија. Имам пет победи и сум без пораз. Но, според броењето на Шердог, имам три победи, сите со сабмишн во првата рунда“, вели Петровски, при што и се заблагодарува на Тимот Магнус и Андреј Георгиев, како и на Тимот Кобрас од Германија, со уверување дека ќе слави во правта рунда.
Бидејќи настапува за Кобрите од Германија, очекувањата се поголеми.
„Дефинитивно е добро што Македонците одат да се борат и очекувам во друга земја да имам голем успех во кариерата и се надевам и таму ќе победувам во првата рунда“, истакнува Петровски, наведувајќи дека во иство време ќе се бори и за Адреналин и Магнус, за што посебно му се заблагодарува на Дејан Митровски – Урко.
ИСФА – Битола:
лесна
Филип Божиновски (Македонија) – Илија Иварлак (Романија)
Златко Петровски (Македонија) – Тоен Нгујен (Бугарија)
бантам
Теодор Буколов (Бугарија) – Даниел „Тигар“ Неделков (Бугарија)
средна
Борче Телевски (Македонија) – Делчо Димитров (Бугарија)
Веселин Вучев (Бугарија) – Тони Маркулев (Бугарија)
велтер
Виктор Александров (Бугарија) – Владислав Генов (Бугарија)
Живко Стоименов (Бугарија) – Блажо Дардов (Македонија)
Станислав Енчев (Бугарија) – Данијел Арангеловиќ (Србија)
леснотешка
Димитар Димитров (Бугарија) – Андерс Ериксон (Шведска)
перолесна – борба за европската титула на ИСФА
Ристо Димитров (Македонија) – Амел Шабановиќ (Црна Гора)
Ipon.mk/В.Д.