Вчера во Прилеп одржа семинар за ММА единствениот црн појас во бразилско џиу џицу кој живее во Македонија, Златко Петровски, кој вооедно и искусен ММА борец.
Семинарот беше во организација на ЦБВ Максам фајт.
„Семинарот опфати техники кои најчесто се користат во ММА борбите, различни позиции во партер, напад и одбрана од различни позиции, БЏЏ завршници. Неговото знаење и искуство ќе биде многу корисно во следните натпревари за нашите борци. Договорена е и понатамошна соработка, се со цел промоција и развој на ММА спортот“, вели Пеце Ангелески.
Ipon.mk/В.Д.