Македонските натпреварувачи имаа 3 победи, 2 порази и 1 нерешен меч на професионалната гала вечер на ИСФА во Битола, при што најзначајната победа е на Ристо Димитров кој против Амел Шабановиќ од Црна Гора се избори за професионалната титула на Европа во перолесна категорија.
Видео од борбата на Златко Петровски (-70 кг).
Победи извојуваа и Златко Петровски и Борче Талевски против бугарските борци Тоен Нгујен и Делчо Димитров. Петровски ја продолжи успешната серија и ја забележа шестата последователна победа, воедно и една од најбрзите во неговата ММА кариера. Тој од лидерот на новата ММА организација во Македонија е избран да ја претставува нашата земја во Европа во категоријата до 70 кг, но и во 66 кг.
Филип Божиновски и овој пат покажа извноредна борба, но на карајот резултатот беше нерешен. Блаже Дардов беше поразен од Живко Стоименов (Бугарија), а Игор Лазарески од Петур Петров (Бугарија).
ИСФА – Битола:
лесна
Филип Божиновски (Македонија) – Илија Иварлак (Романија) нерешено
Златко Петровски (Македонија) го победи Тоен Нгујен (Бугарија) (сабмишн,1Р)
средна
Борче Талевски (Македонија) го победи Делчо Димитров (Бугарија)
велтер
Живко Стоименов (Бугарија) го победи Блажо Дардов (Македонија)
леснотешка
Игор Лазарески (Македонија) загуби од Петур Петров (Бугарија)
перолесна – борба за европската титула на ИСФА
Ристо Димитров (Македонија) го победи Амел Шабановиќ (Црна Гора) (армбар, 1Р)