Златко Кесковски стана член на Специјалното тело на глобалната мрежа за боречки вештини

Мајсторот на повеќе боречки вештини, Златко Кесковски, стана член на Специјалното советодавно тело на глобалната мрежа на боречки вештини по покровителство на УНЕСКО.

„По номинацијата во ноември за член на Специјалното советодавно тело на глобалната мрежа за боречки вештини под покровителство на УНЕСКО следуваше прифаќање на кандидатурата.
Во оваа прилика морам да ја искажам мојата благодарност, но и пријатното изненадување кое го доживеав за прв пат од државни органи во Република Македонија, во случајов Агенцијата за млади и спорт и Министерство за култура. Изненадување, заради фактот дека од моето досегашно искуство во спортот и придонесот во него (40 години) секогаш ваквите номинации се фаворизирани, нереални и контролирани.
Благодарам за демонстрацијата на спротивното. Самиот факт на прифаќањето на номинацијата е доказ за правилната постапка на групата државни советници во двете институции. 
Ќе дадам максимум од себе за да придонесам за развојот на боречките вештини на локално и глобално ниво“,  напиша Кесковски на својот ФБ профил.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON