Златко и Елизабета Димоски и се добро познати на македонската спортска јавност, односно на карате светот. Тие сега судат на Светското првенство за сениори во Мадрид – Шпанија, но како претставници на Австралија.
Златко и Елизабета со семејството заминаа за Австралија каде што жиеват и работат, а со нив ќерките близначки Маријана и Мишела кои веќе настапуваат за репрезентацијата на Австралија. Од неодамна и се придружи и Киријана Камческа, така што повторно ќе функционираат како ката тим, но сега за Австралија.
Да потсетиме дека Златко е судија од светска класа и беше тренер на репрезентацијата во кати на Македонија, а неговите ќерки репрезентативки кои имаа забележителни резултати.
Ipon.mk