Златен медал за Силвио Мировски на Светското првенство во кик бокс, втор за Македонија

Силвио Мировски освои златен на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија. Мировски во финалет славеше против Иван Бородатји од Украина 2-1.

Ова е втор златен медал за Македонија, вкупно трети.

Вчера Марија Димовска го освои првото злато, а Лука Змејкоски сребрениот медал.

Ова е голем успех за македонскиот кик бокс, со четворица натпреварувачи освои два златни и еден сребрен медал. Од третото златоп не делеа само 15 секунди, но тоа е спортот. Максим Митровски покажа дека е потнецијал на кого треба да смета македонскиот кик бокс.

На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.

Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:

постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Челик Мемет Тана (Турција) 3-0 ТКО Р3 ¼ финале
Силвио Мировски – Атанас Димов (Бугарија) 3-0 TKO Р1
Финале
Силвио Мировски – Иван Бородатји (Украина) 2-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON