Златен медал за Катерина Ацевска, сребрен за Марија Треневска на „Источно Сараево опен“

На Меѓународниот џиу џицу турнир во „Источно Сараево опен“ во Босна и Херцеговина македонските натпреварувачи освоија златен и сребрен медал.

Златниот медал е за Катерина Ацевска, а сребрениот за Марија Треневска, додека Антонио Стојчески е 4-тото место.

„И утре нашите борци имаат борби и се надеваме дека ќе имаме повторно освојувања на медали. Честитки за денешните борби и за медалите. Ова е уште еден тест пред Светското првенство 27-30 октомври во Крит, Грција“, велат од Македонската џиу џицу федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО