Репрезентативецот Бесир Алили го освои златниот медал на Меѓународниот турнир во борење „Злати Динев Родев“ во Галбово – Бугарија, Стефан Штерјов сребрениот, а Мухамед Рамадани бронзениот.
Алили во финалето во една тешка борба го совлада Грузиецот Гиорги Гогриткијани.
Стефан Штерјов (-41 кг) во финалето загуби од Грузиецот Лука Гугешашвили и го освои сребрениот медал, а Мухамед Рамадани се закити со бронзен.
Овој престижен турнир за деца е единствен од оваа група што е официјално во годишниот календар на Обединетото светско за борење (ОБС/UWW).
Ipon.mk