„Златен гонг“: Во силна конкуренција 2-3 македонски боксери ќе се борат за трофејот

%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d0%b3%d0%be%d0%bd%d0%b3-2016-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81

На денешната прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт по повод одржувањето на една од најстарите спортски манифестации во нашата земја, боксерскиот турнир 46.„Златен гонг“ кој ќе се одржи во Скопје беше истакнато дека ќе учествуваат 52 натпреварувачи од 12 држави утре и во сабота во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонската селекција ќе ја сочинуваат шест боксери, кои ќе се натпреваруваат за еден од трите пехари и тоа, најпрестижниот Златен гонг за најдобар боксер, пехар за најдобар техничар и пехарот за најдобар Македонски боксер. Пехари ќе добијат и најдобриот тренер, најдобриот судија и секако трофеј ќе има и за најдобриот странски боксер.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Исак Сулејмани (-52 кг), Алмир Нуришов (-56 кг), Јасин Лама (-60 кг), Лулзим Исмаили (-69 кг), Гоце Јанески и Бобан Илиоски (- 75 кг).

„Влогот на многумина низ изминативе 46 години во организирањето на овој настан придонесе „Златниот гонг“ да прерасне во спортски настан кој го промовира нашиот град и нашата држава, оставајќи траен белег низ спортот. Токму со одржувањето на „Златниот гонг“ ние ја продолжуваме традицијата на големи светски настани одржани во Република Македонија. Впрочем, меѓународниот традиционален турнир во бокс претставува едно од најголемите и најстарите натпреварувања во Европа. Благодарение на доајенот на боксерскиот спорт во Македонија, Живко Дуковски, кој е основач на овој турнир,  Златниот гонг е синоним за секое боксерско име од светската боксерска сцена“, рече директорот на АМС Марјан Спасески.

zlaten-gong-2016-site-na-pres

Тој нагласи дека Агенцијата за млади и спорт, како главен покровител, годинава одвои 900.000 денари за организацијата на овој боксерски турнир.

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), Игор Златков, истакна дека македонските боксери се подготвени и дека декл од нив ќе се вмешаат во борбата за признанијата на турнирот.

Селекторот на репрезентацијата Петар Чурлинов истакна 2-3 боксери ќе се борат во финалето и ќе конкурираат за еден од трофеите, при што потенцираше дека најмногу може да очекуваме во категоријата до 75 килограми. Според него, Англија доаѓа со седумина јаки боксери кои и лани се прикажаа во одлично светло, но и неколку натпреварувачи од регионот се исклучително силни, како од Албанија, Косово и другите земји.

Чурлинов рече дека двегодишниот застој во боксот има последици врз натпреварувачите, пред се на нивната физичка подоготвеност и поради тоа се избери само шест боксери за настап на Златниот гонг од 2-3 се аутсајдери.

А супервизорот на АИБА, Марко Маровиќ, вели дека многу боксери од регионот сакаат да се докажат на Златниот гонг, па затоа е уверен дека ќе има изненадувања.

Претседателот Златков рече дека оваа состојба ќе се поправи, најпрво со одржувањето на Државното првенство и турнирот „Јордан Мијалков“ во Штип, а од идната година ќе почнат и квалификациите за формиарњето на Првата и Втората боксерска лига. Всушност, преку овие квалификации ќе се избере македонската екипа за настап во Регионалната лига.

За иницијативата за формирање регионална лига на бившите ју-простори утре ќе се одржи состанок 14 познати боксерски имиња од поранешната југословенска држава во хотелот Континентал во Скопје.

По ова прашање Маровиќ рече дека Хрватска е локомотивата во регионот, но целата е да ги повлече и другите земји од регионот, зашто само така ќе оствариме подобри резултати на светската сцена.

„Без лига, без ривалство нема напредок“, потенцираше Маровиќ, додавајќи дека се уште се паметат ривалствата од поранешната држава и дека тоа ја привлекува публиката.

 Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON