Поранешниот шампион на УФЦ, Жуниор дош Сантоса, неколку пати настапуваше на кечерски настани откако беше отпуштен од најсилната ММА организација и најави дека ја продолжува кариерата во бокс.
Цигано неодамна потпиша договор со промоцијата на Трилер, а во февруари ќе се бори против еден од најдобрите светски тешкаши, Кубрат Пулев, на настанот Triad Combat.
Ќе биде боксерски меч по малку изменети правила каде борците во клинчот не се одвојуваат. Ригнот е во форма на триаголник, а ракавиците се нешто помали од боксерските, но и малку поголеми од оние што ги користат ММА борците.
Првиот ваков настан се одржа на 27 ноември, кога во главната борба настапија Кубрат Пулев и поранешниот УФЦ борец Френк Мир.
Бугарскиот боксер, кој двапати се бореше за светски шампион, веќе во првата рунда го совлада Мир, кого заврши со нокаут, но остана на нозе.
Жуниор дош Сантоса со години има репутација како еден од најдобрите боксери во УФЦ и ова ќе биде негово деби во спортот.
Кубрат Пулев во кариерата има 28 победи (14 нокаути), а има само два порази од Владимир Кличко и Ентони Џошуа.