Легендата Жорж Сент Пјер се враќа во октагонот за меч со шампионот во средна катеогрия на УФЦ, Мајкл Биспинг.
ЖСП се качува во потешка категорија за овој дуел, имајќи во предвид дека долго време тој господареш во полусредна категорија.
Канаѓанецот смета дека физичката предност да му помогне на Каунт, кога ќе се сретнат. ЖСП е сигурен дека сите други компоненти од бората се на негова страна.
„Никогаш не сум се плашел да се борам на 185 фунти. Прашањето е како, за да го направиш тоа, треба да тренираш со поголеми момци, а тогаш се зголемува и ризикот од повреди. Тоа е. Но, сега е совршена можноста да го направам тоа. Успеав да се одморам. Имав време и да добијам малку на тежина. Продолжувам да го правам тоа и во моментов“.
„Се разбира дека Биспинг ќе биде покрупен од мене, но верувам дека тоа ќе биде неговата единствена предност. Технички, тактички, атлетски – јас го надминуваат во сите овие аспекти. Не е важно дали е повисок и покрупен од мене. Разликата е во тоа што кога ќе падне на подот, ќе направи поголемо „бум“, додаде ЖСП.
Тој изјави оти не верува на зборовите на Биспинг дека Британецот ќе се повлече од мечот, ако наскоро не се одреди точниот датум за средбата.
„Мислам дека лаже. Знам дека неговата желба е да се бори со мене. Тоа е натпреварот кој ќе му донесе повеќе пари. Се уште нема датум, бидејќи треба да се минат процедурите на УСАДА. Пред да ни е дозволено да се бориме, треба да се случат некои работи. Наскоро, сепак, треба да имаме датум“.