Официјална потврда се уште нема, но се чини дека Жорж Сент Пјер (ЖСП) се враќа во октагонот и тоа за борба со Конор Мек Грегор, јавува smackhisface.com.
Портал кој прв ја објави веста јавува дека истата доаѓа од извори блиски на ситуацијата, како и оние од Тристар џим, чиј долгогодишен член е токму популарниот ЖСП. Битката на овие ѕвезди би се одржала во велтер категорија.
Ирецот оваа недела би требало да оди на лекар поради ногата која настрада во битка со Нејт Дијаз, а доколку се оди според планот, тој и ЖСП ќе бидат во главната борба на дебито на УФЦ во Њујорк, однонсо на УФЦ 205 што не очекува на 12 ноември. Резервен план е настанот на УФЦ во Торонто (УФЦ 206).
Оваа среда канадскиот борец би требало да биде гостин на емисјата „УФЦ тунајт“, за коха веќе е објавена негова посебна најава!