Жозе Алдо се враќа на 13 јуни

Поранешниот шампион на УФЦ во перо категорија Жозе Алдо ќе се врати во октагонот на 23 јуни на гала вечерта во Сингапур. Веста беше објавена од менаџерот и тренер на Алдо Педернејрас.

Ветеранот за противник ќе го има Џереми Стивенс, кој е во исклучителна форма и ги сомеле сите негови противници.

„Стивенс побара борба со Алдо. Пред три дена од УФЦ ни го понудија мечот. Ја прифативме одлуката и сега очекуваме официјално потпишување на договорот“,- изјави Педернејрас

Алдо се сметаше за непобедлив пред да биде нокаутиран за неколку секунди од Конор Мек Грегор во декември 2015 година. Тој се врати со победа над Френки Едгар, но потоа два пати беше нокаутиран од Макс Холовеј.

https://youtu.be/ElofpXgdxL8

https://youtu.be/GZIYWAcjwKo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON