Ова лето, големата легенда на УФЦ Жорж Сент Пјер влегува во Куќата на славните на организацијата.
Веста е објавена за време на УФЦ 249, што се одржана денес во раните утрински часови на Флорида.
„Раш“ (26-2 ММА, 20-2 УФЦ) постигна забележителен успех во кариерата и успеа да освои титули во две различни категории. 38-годишниот борец од Канада се врати во ММА по 4-годишно отсуство за да се бори против Мајкл Биспинг на крајот на 2017 година. Сент Пјер успеа да го победи со завршница и стана шампион во средна категорија.
Минатата година, Жорж официјално се повлече од ММА откако УФЦ не му дозволи да се бори против Хабиб Нурмагомедов. Жорж успеа да ја одбрани титулата во полусредна категорија девет пати, што е рекорд и сè уште никој не успеал да го подобри. Тој има и најмногу соборувања н арекорди во историјата на УФЦ, 90. Сент Пјер има и најмногу победи во УФЦ, 12.
https://www.instagram.com/p/B__fr-enDqb/?utm_source=ig_embed