Легендата Жoрж Сент Пјер претходно оваа година и официјално објави дека се повлекува од ММА, но од неодамна почна да зборува за борба со Хабиб Нурмагомедов. „Раш“ сакаше да се испроба против Хабиб, но УФЦ го одби и тоа беше причина за пензионирање на поранешниот шампион во две категории.
Жорж беше во аголот на Насрат Хакараст, кој се бореше на настанот во Њуерси и се радуваше на неговата победа. По битката на Насрат Жорж Сент Пјер беше интервјуиран и рече дека ја завршил натпреварувачката кариера.
„Повлекувањето од спортот беше планирано и навистина сакав да го направам тоа. УФЦ беа категорични дека за Хабиб имаат други планови и тоа е вистина. Веќе ја свртев таа страница. Не постои начин да стојам и да чекам таква борба, затоа што имам други планови во животот. Повеќе не сакам да бидам најдобар на светот.
Порано го сакав, но сега веќе не е така. Имам семејство, пријатели и многу важни работи што треба да ги направам. Имам други проекти. Постојано тренирам, секогаш сум во добра форма и секогаш ќе бидам. За мене, битките се поглавје од мојот живот кое веќе заврши“, изјави Сент Пјер.