Шампионот во средната категорија на УФЦ, Мајкал Биспинг, следната одбрана на титулата ќе ја направи против поранешниот шампион во полусредна категорија, Жорж Сент Пјер, кој преходно овој месец го најави враќањето.
Се уште не е објавен ниту датумот, ниту местото на битката, но средбата официјално е потврдена.
„Се уште не сме избрале да датум, но дуелот е решено“, рече претседателот на УФЦ Дана Вајт. „Прво треба Сент Пјер да биде тестиран во следните три месеци од УСДА. Има многу работи кои треба да се случат за официјално да се реалзира враќањето на ЖСП, а потоа ќе го избере датумот“.
.@GeorgesStPierre RETURNS later this year to take on @Bisping for the UFC MW title! pic.twitter.com/XnHXmnDkzL
— UFC (@ufc) March 1, 2017
.