Поранешниот шампион на УФЦ и крал на полусредна категорија, Жорж Сент Пјер, коментира дека му се допаѓаат шансите против непоразениот Хабиб Нурмагомедов. „Орелот“ е непоразен во 12-годишната кариера и се пензионира со импресивен скор од 28-0. Сент Пјер, долгогодишен шампион на УФЦ во полусредна категорија, кој накратко го држеше и појасот во средна категорија, долго време беше противник од соништата за Нурмагомедов, но ѕвездите никогаш не се усогласија за нивна средба.
На неодамнешната епизода од подкастот од Паунд фо рпаунд на Хенри Сехудо и Камару Усман, „ЖСП“ го изрази своето верување дека ќе го победи Нурмагомедов
„Бев доволно самоуверен за да ја преземам таа борба и знаев дека ако ја преземам, ќе го победам тој ден на тоа конкретно место“.
„Сигурно ќе го победев затоа што ако дојдеше да ме притисне, ќе завршеше на грб. Ќе имав самодоверба да се обидам да го направам тоа“.
Како и Нурмагомедов, Сент Пјер стана познат по својот задушувачки стил на борба во партер. Бидејќи нивните тактики за борење се разликуваат, Сент-Пјер гледа можност да добие предност во нивниот хипотетички меч.
„Хабиб, има многу добар десен удар“, рече Сент Пјер.
„Тој е многу добар во мерењето на дистанцата и создавање дилема во умот на противникот. Тој е многу, многу добар, најопасен е кога го свртува грбот кон оградата бидејќи е мајстор во борење против кафезот. Мојот стил е различен. Мојот стил се базира повеќе во централниот дел од октагонот. Јас сум многу добар во користење на лажни потези и да создавам одвлекување за да ги фатам нивните нозе. Јас сум повеќе од тој динамичен тип, го нарекувам тоа проактивно и реактивно борење во центарот. Но, Хабиб подобар е кога противникот го има со грб до оградата“.
„Значи, мојата стратегија, ако одам против Хабиб, би била да ја задржам борбата колку што можам во средината и да не се плашам да одам да го соборам. Мислам дека би бил можеби првиот човек со кој се борел или еден од неколку момци кои би се обиделе да го соборат, а сум ги соборил сите со кои сум се борел“.
За Сент Пјер клучот за поразување на Нурмагомедов би бил да остане во офанзива, тактика која веројатно е многу полесна на хартија со оглед на некои од борците со сличен стил што Нурмагомедов ги неутрализирал, вклучувајќи ги Конор Мек Грегор, Џастин Гејџи и Дастин Пориер.
Сент Пјер верува дека борците како Гејџи можеле да го изненадат Нурмагомедов доколку нивниот пристап бил поинаков.
„Мислам дека повеќето од момците кои се бореа со Хабиб се плашеа од ударите на Хабиб, па се бореа на пети и беа потпрени до ѕидот“, рече Сент Пјер.
„Тројцата момци кои се бореа со Хабиб и беа навистина добри се: Глејсон Тибо, многу, многу блиска борба, ако ја гледате таа борба, таа е многу, многу блиску; Мајкл Џонсон беше мојот тренинг партнер… Ако ја гледате првата минути од борбата, тој вршеше фантастична работа додека не ја изгуби самодовербата. Мислам дека тоа е една од грешките што ги направи и ако ја започнеше втората рунда исто како и првата, ќе имаше подобар настап“.
„Друг човек кој добро се снајде беше Гејџи кој беше многу добар на почетокот“.
Вакви прогнози за мечот со Дагестанецот веќе слушнавме, но никој не успеа да го совлада. За жал, оваа борба веројатно никогаш нема да ја видиме, но во класичниот стил на љубителите на овој спорт ќе продолжи да се поставува прашањето што ќе се случеше доколку се случеше.