Жорж Сент Пјер: Мек Грегор може да се врати во поранешната форма

Легендата на ММА Жорж Сент Пјер верува дека Конор Мек Грегор може да се врати на претходното ниво.

„Озлогласениот“ доминираше во УФЦ цели 3 години. Конор стана шампион во 2 различни категории. Ги газеше сите по ред во перо категорија и остана непоразен во оваа дивизија во УФЦ. Конор забележа 7 победи во перо категорија, од кои 6 со нокаут.

На крајот на 2016 година Мек Грегор го нокаутира Еди Алварез и го освои појасот во лесна категорија. Ова беше шлаг на тортата во неговата спортска кариера. Една година подоцна, Конор направи боксерски меч со Флојд Мејведер, загуби, но заработи 100 милиони долари.

Парите го променија Мек Грегор, а неговата спортска кариера во однос на победите почна да оди надолу. Мек Грегор во последните 5 години во 4 борби има само 1 победа во кафезот на УФЦ. Сега се подготвува за враќање, а Сент Пјер му дал вредни совети.

„Може ли Мек Грегор да се врати на претходното ниво? Мислам дека е можно. Но секако дека е тешко. Тешко е кога ви е полн стомакот, кога сте сити во ресторан.

Мислам дека треба да излезе од својата комфорна зона. Конор треба да има тренинг камп и да се врати на патот. Сега изгледа многу голем, очигледно има вишок килограми. Ќе биде интересно.

Сега во погорната категорија најсилен е Камару Усман. Но, тоа не значи дека Усман никогаш нема да загуби“, изјави Сен Пјер за SportBible.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON