Жорж Сент Пјер: Грејси е најголемиот, но Џонс е најдобриот сега

Легендата на УФЦ, Жорж Сент Пјер изјави дека ако од него зависи, ќе го постави Ројс Грејси како најголем ММА борец на сите времиња, но призна дека Џон Џонс е најдобриот во модерната ера на спортот.

Прашањето за тоа кој е најдобриот во сите времиња во ММА има многу различни одговори. Ако ги прашате медиумите, навивачите, борците – сите ќе дадат поинаков одговор. Најчесто споменувани имиња се ЖСП, Џонс, Грејси, Андерсон Силва, Деметриус Џосон и Хабиб Нурмагомедов, како и неколку други.

Меѓутоа, ако го прашате ЖСП, Грејси е на врвот.

“Најголем за мене е Ројс Грејси. Тој е човекот кој го промени спортот. Целосно го смени верувањето во системот каква е вистинската борба. Затоа мислам дека е Грејси.

Сепак, верувам дека Џон Џонс е најдобриот во модерната ера на спортот. Хабиб може да се смести на истото место. Севкупно, списокот е доста долг.

Но, Грејси се истакнува пред сè, без сомнение. Никогаш не смееме да ги заборавиме луѓето пред нас. Како што рече Ајнштајн, ние стоиме на рамениците на великаните. Ни го отворија патот на нас“.

ЖСП рече и дека не верува оти современите борци во УФЦ се подобри од пионерите на ММА. Според Канаѓанецот, поради пристапот до интернет, сега новата генерација на борци може да ги научи работите побрзо.

„Сега имаме пристап до информации на интернет, што беше тешко да се најдат пред години. Сега може да научам армбар од човек во Австралија по телефон. Пртеходно не беше така. Требаше физички да ги прикажувам работите. Се упатив до Њујорк да учам на академијата Хензо Грејси. Борбата од тогаш беше тотално различна, но мислам дека сега борците не се подобри. Технологијата е подобра. Спортистите не се подобри од порано. Само пристапот до технологија и знаењето е подобро. На тој начин сегашните борци имаат предност. Не затоа што се подобри како луѓе. Тие се истите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON