Дастин Пориер двапати го победи Конор Мек Грегор оваа година, прво го нокаутираше кон крајот на јануари, а потоа Ирецот мораше да му се предаде во јули, бидејќи ја скрши ногата на крајот од првата рунда.
Така Дијамант го промени односот против Ноториус за само половина година и сега води со 2-1 во победи, но нивниот четврти меч веќе е најавен.
Еден од најголемите ММА борци Жорж Сент Пјер, смета дека тоа е лош потег за Мек Грегор.
„Да бев на местото на Мек Грегор или да бев негов менаџер, сигурно не би сакал да се бори четири пати со истиот борец. Ми се чини дека Дастин го прочита“, рече Жорж Сент Пјер и продолжи:
„Конор треба да бара друг противник. Мислам дека треба да се бори со некој како Нејт Дијаз, борец кој има малку поинаков стил од Дастин. Очигледно Пориер најде решение за Мек Грегор“.
Ирската ММА ѕвезда се соочува со долго закрепнување, иако Конор неодамна рече дека би можел да се врати порано отколку што беше првата медицинска прогноза.
Но, бидејќи на овој тип на повреда и треба уште малку време за да се излечи, Мек Грегор се уште има време да размисли за својот следен потег во кариерата во боречките вештини.
Ако одлучи да продолжи да се бори, Жорж Сент Пјер го советува дека би било добро да има неколку борби за загревање пред да влезе во октагонот со борци од врвот.
„Конор не се бореше долго. Ќе треба да помине повеќе време во октагон за да се пронајде себеси. Се чини дека изгуби некои од своите вештини поради слабата активност“,- заклучи Сент Пјер.