На 4 август се навршија точно 60 години откако легендарниот Живко Дуковски го освои првиот боксерски медал за Македонија на Државното првенство на Југославија во 1957 година, кој стигна до финалето и таму беше поразен од далеку посикусниот Миодраг Љубомировиќ.
Ова беше голем успех за Македонија, а по враќањето Дуковски го пречека многу народ на железничката станица во Скопје. Боксерот на Метеалец од Скопје со своите 19 години изненади многумина, но со борбеноста и пожртвуваноста заслужено се најде во финалето. Оттогаш по наваму Дуковски ги трасира победносните патеки на македонскиот бокс.
Дуковски ќе рече дека ѓаволски тешко било да се стигне до медал во поранешна Југсолавија која важеше за светска велесила во боксот.
„Како првак на Македонија во мува категорија, добив право да ушествувам на Државниот шампионат. Кога ќе помислев кој се може да ми се падне, не можев да замислам дека ќе стигнам толку далеку. Во осминафиналето во Титоград (денешна Подгорица) со нокаут го совладав Козлина, потоа Србинот Маџиров и во полуфиналето Хрватот Богуновиќ. Беше вистинска сензација откако и него го пратив на подот и го победив со технички нокаут во третата рунда. Ми се исполни сонот и стигнав до финалето“, се сеќава Дуковски на далечната 1957 година.
Борбата на стадионот Таш е ногвата животна битка пред голем аудиториум кој дотогаш не го видел. Љубомировиќ бил боксер со импресивен скор, а Дуковски со само 10 борби. Првата рунда успешно ја минува, иако неговиот противник важел за голем фајтер и разурнувач. Во втората Љубомирович тргнал на се или ништо, оти знаел дека Дуковски е подобар техничар. Во ден момент го погодил со лево кроше во брадата, а тој на осум веќе бил подоготвен за борба,но неговиот тренер Бато Ѓоргевиќ се исплашил да не биде нешто полошо влегол во рингот и ја предал борбата.
„Сепак, тоа беше мојот најсреќен ден во животот, бев бодрен од публиката, на која и ги освоив симпатиите во претходните борби“, вели Дуковски.
„Од Белград се вративме со воз, а на станицата ме чекаше толпа луѓе. Сите скандираа „Живче, Живче, Живче…“. Од железничката до плоштадот ме носеа на раменици, каде што продолжи веселбата“, го опишува најсреќниот миг ви животот Живко Дуковски кој наместо фудбалер на Вардар станал боксер по заслуга на Лазар Лечиќ и Љубомир Фишиќ.
Дуковски е основач на „Златниот гонг“, како тренер има многу државни прваци во сите конкуренции, а асови кои се профилирале под негово раководство се: Самоилосвки, Неџат Мемети, Руждија Калач, Азиз Салуху, Реџепагиќ, Василев. Беше селектор на македонската селекција и еден од најуспешните тренери на државните првенства. Едно време работи и со Аце Русевски и Реџеп Реџеповски кои освоија бронзени медали на Олимпијадите. Со руждија Калач во БК Скопје го подготвија Мумин Вели да освои две бронзи на европските првенства. Дуковски е избран во 10-те најуспешни тренери на векот во Македонија, член е на Македонскиот олимписки комитет, а доби и големо признаие од ЕАБА, станувајќи член на Техничката комсија, како единствен Македонец.
И во зрела возраст не се откажува од боксот, често пати може да се види на тренинзите на БК Аперкат и на патеката покрај Вардар.
Ipon.mk/В.Д.