Жилеј Жанг со брутален нокаут стави крај на кариерата на Дионтеј Вајлдер (ВИДЕО)

Во главната борба на настанот „5 на 5“, промоцијата Мечрум против Квинсбери во Ријад, Жилеј Џанг го победи Дионтеј Вајлдер со нокаут во петтата рунда.

Филип Хрговиќ загуби од Даниел Дубоа во борбата за привремената титула на ИБФ со прекин во осмата рунда.

Жанг веднаш ја презеде средината на рингот и не му дозволи на Вајлдер да замавне. Но, по очекувано помирната прва рунда, продолжението понуди вистинска војна.

Веќе во следната рунда и двајцата почнаа да си разменуваат удари, во кои Кинезот беше малку поконкретен.

Погодуваше Жанг со сите оружја додека Бронзениот бомбардер се обидуваше да ја задржи дистанцата.

Кинескиот тешкаш комбинираше различни удари. Ниту Вајлдер не остана должени, но во првите рунди претежно се држеше резервирано.

Петтата рунда понуди брутална размена на удари, а можеше да се насети дека тоа може да биде и последно на мечот. Така беше.

Жанг го искористи невниманието на Вајлдер и по една размена со одличен удар го нокаутира Бронзениот бомбардер.

Тоа беше 27-ма победа во кариерата за кинескиот тешкаш и прва по поразот од Џозеф Паркер.

Имено, Вајлдер и Жанг се вратија во рингот по поразите од Паркер. Новозеландецот минатиот декември го победи Бронзениот бомбардер, а неколку месеци подоцна го победи и Кинезот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON