Жилеј Жанг го прогнозираше мечот меѓу Дубоа и Џошуа: Ќе го шокира светот

Во јули, Жилеј Жанг ја забележа најголема победа во кариерата кога го победи поранешниот шампион на ВБЦ Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во петтата рунда на настанот во Ријад.

И додека ја чека новата можност на светската боксерска сцена, кинескиот тешкаш неодамна ја прогнозираше претстојната пресметка за титулата на ИБФ на Вембли меѓу шампионот Даниел Дубоа и Ентони Џошуа.

Дубоа пред три месеци со прекин во осмата рунда го совлада Филип Хрговиќ и без разлика на убедливата победа, многумина го сметаат за голем аутсајдер против Еј Џеј, но Кинезот не мисли така.

Жанг верува дека Даниел, кој во текот на кариерата загуби само од Џо Џојс и Александар Усик, може да го надмине сонародникот и да ја задржи титулата.

„Го претпочитам Даниел Дубоа и верувам дека може да победи, бидејќи е во одлична форма“, изјави Жилеј Жанг и додаде:

„Гладен е и млад, има оган во него. Се избори за прекрасен прекин против Филип Хрговиќ и верувам во аутсајдерот на овој меч. Дубоа ќе го шокира светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО