Жилеј Жанг: Џошуа никогаш нема да се бори со мене, тој е крава молзница на Еди

Кинескиот тешкаш Жилеј Жанг (27-2-1, 22 КО) гостуваше на ММА час, кој зборуваше за своите планови, а се осврна и на поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа.

Биг Бенг верува дека Еј Џеј не сака да се бори со него во професионалниот ринг.

Имено, Жанг и Џошуа се бореа на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а Британцот победи на поени и на крајот го освои златниот медал. Кинезот оттогаш сака реванш.

„Џошуа не сака да се бори со мене. Се боревме на Олимпијадата 2012 и после тоа поминаа толку години и ништо. Бев во Мечрум и знам што се случи. Мислам дека никогаш повеќе нема да се бори со мене“, изјави Жилеј Жанг и додаде:

„Моите менаџери отидоа во Лондон и добив одговор. Не верувам дека сака да се бори со мене. А само погледнете ги неговите претходни противници – Френсис Нгану од УФЦ или Роберт Хелениус. Мислам дека го нема она што е потребно за да ми се спротивстави. Начинот на кој ги избира противниците кажува многу за него, а тоа не го сака ниту Еди Херн. Џошуа е крава молзница на Еди“.

Следниот меќ на Ентони Џошуа е на 21 септември кога во Лондон се бори со Даниел Дубоа за шампионскиот појас во тешка категорија на ИБФ.

А Жилеј Жанг, по поразот од Џозеф Паркер на почетокот на јуни, стигна до најголемата победа во кариерата, победувајќи го Дионтеј Вајлдер со прекин во 5.рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON