Жилберт Барнс смета дека Шавкат Рахмонов е многу подобар од Хамзат Чимаев.
Брнс го сподели кафезот со Чеченецот и успеа да го собори. Жилберт му ја даде на Чимаев најтешката борба во кариерата. На крајот Хамзат победи со одлука, но Барнс покажа дека може да крвари и не е толку големо страшило. Рахмонов, како и Чимаев, се уште е непоразен во ММА.
Шавкат ја заврши секоја од неговите 17 борби. Многумина го сметаат за иден шампион во полусредна категорија. Овој викенд Шавкат го чека голем тест со Стивен Томпсон. Двајцата ќе се борат на УФЦ 296 што ќе се одржи во Лас Вегас.
Ако Рахмонов победи, тогаш станува претендент за појасот. Барнс гледа иден шампион во „Номад“.
„Шавкат е ѕвер, има огромен потенцијал. Зачуден сум како овој човек ги уништува сите во нашата категорија. Кај нас често доаѓаат шампиони од различни промоции, а сите беа уништени од Шавкат. Рахмонов е подобар од Чимаев.
Момчето има 17 победи со завршница. Има 17 рани победи во 17 борби. Верувам дека како борец Шавкат е многу посилен од Хамзат Чимаев. Тој е подобар во секој поглед. Има подобра техника на удар, многу добри вештини за борба и граплирање.
Тоа го потврдуваат неговите победи со завршница. Мислам дека тоа е ѕвер. Може да стане шампион“, изјави Барнс.
View this post on Instagram