Жермел Шарло (29-0, 14 Ко) изминатиот викенд во Њујорк за прв пат ја одбрани шампионската титула на ВБЦ во супервелтер категорија.
26-годишниот Американец лесно се пресмета со пет години постариот сонародник Чарлс Хетли (26-2-1, 18 КО).
По серијата удари со десницата во шестата рунда, Шарло со десно кроше го нокаутираше и го исфрли преку јажињата. Хетли во третата рунда се најде во нокдаун уште еднаш со десницата.
https://youtu.be/jmLFJQYen6w
.