Олгица Коцева го освои бронзениот медал на Балканското првенство за деца во Сента, Србија.
Коцева настапи во категоријата до 52 килограми во слободен стил.
Покрај неа на Балканското првенство настапија Мартин Стојанов (-47 кг) и Реџеп Хајдари (-53 кг), кои беа петопласирани, а Давид Банов (-73 кг) е седми.
На првото Балканско првенство за ученици во грчко-римски стил учествува 8 држави со вкупно 91 борач, слободен стил 5 со 45 борачи и во борење за жени 6 земји 17 девојчиња.
Репрезентацијата ја водеше Страшо Глигоров.
Ipon.mk/В.Д.