Женскиот ката тим го освои вториот златен медал за Македонија на Балканското карате првенство во Будва, Црна Гора.
Тимот во состав Данка Стојкова, Тамара Ристовска и Владнака Аврамова во полуфиналето славеше против Црна Гора, а во финалето над Србија.
Машкиот кумите тим загуби од Србија, додека за женскиот тим се уште не почнале борбите.
Вчера Стефан Стојановиќ освои сребрен медал, како и Љупче Михајлов, а Емил Павлов, Реџеп Рушити и Данка Стојкова бронзени.
Македонија освои 12 медали – 2 златни, 3 сребрени и 7 бронзени и е на петтото место. Турција е прва со 20 медали (8-2-10), Србија 30 (6-11-13), Црна Гора 13 (6-4-3) и Хрватска 13 (5-5-3), па Македонија 12 (2-3-7).
Да потсетиме дека завчера Јована Мицовска освои златен медал во категоријата до 61 килограм откако во финалето ја совлада клупската другарака од Макпетрол Викторија Јовановска со 3-4, а со бронзи се закитија Ангела Мојсовска, Михаела Мишовска, Сара Дука и Магдалена Божиновска.
Резултати Балканско првенство:
Кумите тимови
Мажи
Македонија – Србија 1-2
Жени
Македонија – Романија 2-0
Македонија – Косово 2-0
Финале
Македонија – Босна и Херцеговина
Ката тим жени
Полуфинале
Македонија – Црна Гора 23,00-22,30
Финале
Македонија – Србија 22,50-22,30