Жан Паскал го победи Баду Џек во драматичен меч (ВИДЕО

Жан Паскал (Каен) драматично го совлада Баду Џек  во меч за светски шампион на ВБА во полутешка категорија. Двајцата се сретнаа во битка од 12 рунди во Атланта (САД).

Клучен момент во судирот меѓу двата поранешни светски шампиони беше нодаунот во четвртата рунда, кој Паскал успеа да го зададе. По последниот удар на  гонгот одлуката на судиите беше 2-1 во корист на Канаѓанецот.

https://twitter.com/MMAIndiaShow/status/1211138057161732097?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1211138057161732097&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D820861

Многу навивачи и известувачи не се согласуваа со резултатот. Статистиката покажува дека Џек има постигнато 244 удари против 155 за Паскал.

Швеѓанецот, кој со години живее во Лас Вегас, одработи многу силна последна рунда. Беше многу блиску до нокаутот и дури успеа да го врати нокдунот. Паскал преживеа, а неколку секунди подоцна му е крената раката.

Со победата 37-годишниот Канаѓанец е фаворит за наградата „Враќање на годината“ во 2019 година. Во август го победи дотогаш непоразениот Маркс Браун. Паскал има 35 победи (20 со нокаут), 6 порази и 1 реми. Билансот на Џек е 22 победи (13 со нокаут), 3 порази и 3 нерешени.

https://www.youtube.com/watch?v=lJsLEO465us&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON