Зен кен доџо јошин освои златен и бронзен медал на „Трофејот на Белград“

Членовите на Зен кен доџо јошин освоија златен и бронзен медал на Интернационалниот турнир „Трофеј на Белград“ во Белград, Србија, изминатиов викенд.

Андреј Александров го освои бронзениот медал во пионери, а Вања Величковски имаше добар настап во оваа конкуренција. Јуниорот Александар Кесковски го заслужи признаието „Борбен дух“.

Во кју категоријата Олег Бичковски се закити со злато.

Сениорите имаа добар настап и остварија три победи, но беа елиминирани на (шобу-енчо) за еден поен од КК Будуќност.

Во склоп на турнирот се одржа и полагање за „дан“, при што Федерацијата се доби двајца нови членови со звањето шодан (1-ви дан), а тоа се: Олег Бичковски и Ивона Лазаровска, а со шодан (4-ти дан) се Андреј Атанасовски и Оливер Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON