Земри Авдили го освои вториот бронзен медал за Македонија на Балканското првенство за кадети во борење во Бурса-Турција.
Авдили медалот го освои во категоријата до 42 килограми во грчко-римски стил.
Претходно Фати Вејсели освои бронзен медал во категоријата до 50 килограми, совладувајќи го Гркот Нарек Грикоријан со технички туш, односно 10-0.
Во полуфиналето ќе настапат Елмедин Сејфулаху, Минир Реџепи, Буњамин Нуиши и Рамадан Мустафовски.
ipon.mk/В.Д.